• Работете со нас
    и почувствувајте ја разликата !
  • Веруваме во чекорење со нашите клиенти... до нивниот успех
  • Такси Рекламирање
    директно влијае врз купувачките навики и одлуки
  • Кажете ни ја Вашата цел
    ние ќе Ве однесеме таму !

За нас

ЊУ МЕДИА ГРУП е компанија која ќе Ве однесе до Вашата сакана цел

Ние сме брзорастечка и искусна маркетинг агенција, која нуди различни солуции за сите online & offline адвертајзинг и маркетинг потреби за своите клиенти.
  • Основана

    Компанијата Њу Медиа Груп е основана во 2012 година со примарна цел за адвертајзинг на електронски медиуми.

  • Набавена интерактивната опрема „InteractPhone“

    Набавена е опремата „InteractPhone“, уред кој овозможува интерактивна комуникација на публиката преку користење на своите мобилни телефони.

  • Набавени и монтирани првите монитори во такси возила

    Започна ерата на алтернативен адвертајзинг со видео реклами во Македонија, Њу Медиа Груп ги набави и монтира првите монитори за рекламирање во такси возила.

  • Конференција со користење на „InteractPhone“

    На втората Маркетинг Конференција организирана од страна на Капитал Медиа Груп и Академијата Капитал беше користен уредот „InteractPhone“ како медиум за поставување на прашања од страна на публиката.

  • Прв ПР текст на Њу Медиа Груп

    ПР Текст за интерактивната опрема „InteractPhone“ во водечкиот бизнис неделник Капитал.

  • Прв договор со интернационален бренд

    Лидерот во производство на алкохолни ликери Jägermeister стана дел од нашата референтна листа.

  • Втор договор со интернационален бренд

    Светскиот лидер во производство на органска храна за бебиња и мали деца HiPP стана дел од нашата референтна листа.

  • Среќна Нова Година

    Њу Медиа Груп Ви ги ја честита Новата 2015 Година и престојните Божиќни празници.

  • Промовирана новата веб страница на Њу Медиа Груп

    Пуштена во употреба новата и помодерна веб страница на Њу Медиа Груп.

НИЕ, КРАТКО НО СЛАТКО

Огромната база на знаење ја собравме преку континуирано учење, а преку нашата компанија несебично тоа сакаме да го споделиме со Вас.

ВИЗИЈА, A И МИСИЈА

Нашата мисија е што подобро да им служиме на нашите клиенти и во тој поглед сме ангажирани со вклучување на сите видови технолошки иновации.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Ние сме мала широкопогледна и флексибилна маркетинг агенција, без голема хиреархија која ни овозможува целосна посветеност на секој наш клиент.

ДОСТАПНОСТ

Достапни 24/7 со конкурентна цена, квалификувани професионалци и квалитетна услуга ние ќе Ви понудиме услуги што Ве прават да се чувствувате горди и да работите со нас повторно и повторно.

ЗАНИМЛИВИ ФАКТИ ЗА НАС

Со надеж, соништа и нешто мистериозно, ние би сакале да ја промениме вашата визија за животот, за ТЕХНОЛОГИЈАТА ...

26

ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

35

ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ

4576

РАБОТНИ СААТИ

546

ИСПИЕНИ КАФИЊА

ЗАНИМЛИВИ МАРКЕТИНГ ФАКТИ

 

од корисниците на социјалните медиуми велат дека е поголема веројатноста да купат од одреден бренд доколку истиот го следат онлајн
(извор: balihoo)

од сите такси реклами се видени од луѓе кои се моментално вработени

од светската популација (1.5 билиони) се корисници на facebook

од времето, или една од секои пет минути се поминува на социјалните медиуми

Услуги

Кога помислувате на маркетинг за Вашиот бренд, КОНТАКТИРАЈТЕТЕ не веднаш. Ние сме подготвени да Ви ги понудиме НАЈДОБРИТЕ УСЛУГИ за Вас

РЕКЛАМИРАЊЕ ВО ТАКСИ ВОЗИЛА

Како самостојна платформа за рекламирање, или како дел од интегрирана кампања, такси рекламирањето може да го однесе вашиот бренд речиси насекаде. Земајки го во обзир денешниот брз начин на живот, намален паркинг простор, директорите, донесувачите на бизнис одлуки и купувачите, купувачите со голема потрошувачка моќ, богатите жители, туристите и граѓаните со расположлив приход се повеќе го користат таксито како превозно средство. Такси рекламирањето директно влијае врз купувачките навики и одлуки на секој кој го користи такси превозот.

Маркетинг на социјални медиуми

Ако маркетинг стратегијата на Вашиот бренд нема сериозна компонента од социјални медиуми, дефинитивно е време да ја земете во предвид. Додека луѓето во Светот сеуште ги користат традиционалните пребарувачите како Google да најдат она што го бараат на интернет, корисниците - особено помладите - се повеќе пребаруваат и наоѓаат она што им е потребно по пат на социјални мрежи. Со повеќе од 1 билион активни Facebook корисници (бројот секојдневно расте) од целиот свет замислете какви видици се отвараат за Вашиот бизнис. Македонскиот Facebook пазар има преку 1 милион активни корисници кој расте на дневна основа. Ниту една маркетинг алатка неможе да го однесе Вашиот бизнис пред толкав број на потенцијални купци од еднаш, воедно Facebook-от е едноставен за употреба и овозможува дирекно комуницирање со потенцијалните купци.

Принт, графички и веб дизајн

Првите впечатоци се најважни, особено кога станува збор за вашиот бизнис. Зграбете го вниманието на потенцијалните клиенти со впечатлив графички дизајн за вашите маркетинг материјали, брендирања како и веб страни. Нашиот тим од креативни графички дизајнери и веб програмери ќе работат координирано со Вас за да се развие слика и коорпоративен имиџ, кој е вистински одраз на вашиот бренд.

ИНТЕРАКТИВНА КОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА

InteractPhone е уред која овозможува интерактивна комуникација на публиката со користење на мобилни телефони. Уредот и дава можност на публиката да испратат порака, одговорат на квиз прашања, контрола на екранот за играње игри со едноставно користење на нивните мобилни телефони. Уредот може да се користи за:
- на настани и конференции за поставување и одговарање на прашања со графичко презентирање на одговорите по завршувањето на сесијата
- за рекламирање и брендинг кампањи со интеракција со потенциалниот клиент преку игри и апликации
- во шопинг центри за интеракција со потенцијални клиенти
- на фестивали, концерти, клубови и на забави за поврзување со луѓе и креирање на социјална интеракција
- интерактивни мобилни квизови итн.

КАКО РАБОТИМЕ НИЕ

Дизајнери и креативци работат заедно во ведра атмосфера создавајќи насмевки за своите клиенти...

 

Нашите работни процеси ВО 3 ЧЕКОРИ

Планирање & Стратегија

Дизајн & Развој

Тестирање & Испорака

Клиенти

Задоволни сме што измамивме голем број НАСМЕВКИ на нивните лица

Клиентите рекоа за нас !

Љубезните зборови може да бидат кратки и лесно да се изговараат, но нивното ехо е навистина бескрајно.

  • "Благодарност до Њу Медиа Груп за прекрасното искуство кое го имавме во 2014 година. Се надеваме дека и во 2015 овој социјален медиум ќе ни помогне во остварување на нашите цели и уште повеќе ќе не доближи до верните потрошувачи на HiPP производите.“

    - Бобан Дамчевски – HiPP Македонија
  • „Њу медиа груп во нашите очи е стабилен и иновативен партнер кој ќе Ви помогне во квалитетно реализирање на широк дијапазон на маркетинг активности. Њу медиа груп се разликува бидејќи нуди комплетна подршка и нов маркетинг пристап.
    Само напред!!!“

    - Филип Ачкоски – PharmaS Македонија
  • "Доколку сакате да допрете до „очите и ушите“ на Вашите потенцијални клиенти на еден несекојдневен начин, токму преку секојдневието со превоз во такси возила, тогаш не чекајте да ги искористите услугите на New Media Group. Благодарение на нашата реклама низ такси возилата во Скопје, роденденската приказна се рашири до клиенти кои ретко ги користат социјалните мрежи, каде ние сме најмногу присутни преку маркетинг. Се што Ви е потребно е да ја преточите Вашата рекламна порака во јасна цел за идните клиенти и успехот на Вашиот бизнис ќе бележи нагорен развој."

    - Ивана Колева - sezarodenden.mk
  • „Затоа што денес сите се брзаме некаде и повеќе немаме време за читање весници и гледање телевизија, но затоа секогаш се „досадуваме“ додека се возиме во такси. Поради тоа New Media Group ни ја нуди можноста да допреме до клиентите додека тие се досадуваат возејќи се во такси и да се запознаат со нашите компании.“

    - Ани Карапанчева – Нехар Травел
  • "Њу Медиа Груп заврши одлична работа на Втората маркетинг конференција, одржана на 6 јуни со нивната интерактивна опрема InteractPhone овозможувајќи и на публиката да поставува прашања до модераторите и другите панелисти преку SMS пораки од нивните мобилни телефони. Тоа ни овозможи да бидеме многу ефикасни, да заштедиме на време и го направи овој дел од презентацијата многу полесно за модераторите, панелистите и учесниците. Со задоволство ја препорачувам Њу Медиа Груп како сигурен партнер кога овој тип на комуникација Ви е потребна."

    - Гордана Михајловска – Капитал Медиа Груп
  • „Голема благодарност до New Media Group која со рекламирањето во такси возила ни помогна преку еден нов, алтернативен и навистина достапен медиум во Македонија да ја промовираме нашата летна кампања. На сите бизниси топло им го препорачува овој медиум.“

    - Трајче Симоновски – iStyle Македонија

Контакт

За Вашите прашања и информации, обратете се до нашиот тим.